СДСМ: Македонија лидер во искористувањето на средствата од ИПАРД

СДСМ преку соопштение за медиумите вели дека Владата искористила 98 отсто од ИПАРД средствата.

Според СДСМ, Македонија е лидер во регионот во користењето на средствата од ИПАРД.

„Ние сме првата земја која започна со ИПАРД 3 програмата која отвора неколку области за поддршка, но и за авансно плаќање за бизнис идеи. Земјоделците ги видоа придобивките, со поддршката за модернизирање на нивните производи, да обезбедат производи кои се натпреваруваат и придонесуваат за развој на економијата“.

„Во изминатите години со помош на ЕУ се создадоа услови за модернизација на земјоделското производство, отворање на многу нови преработувачки капацитети, капацитети за рурален туризам, фарми, современи земјоделски машини, системи за наводнување, мали бизниси од рурални области“, велат од СДСМ.