СДСМ: Мерки за зголемување на платите и во приватниот сектор

Од владејачката партија СДСМ велат дека со новиот пакет антикризни мерки нуди поддршка за повисоки плати и во приватниот сектор.

Од оваа партија велат дека со мерката за зголемување на платите на работниците во приватните фирми се отвора можност за покачување на платите од 3.000 на 9.000 денари.

„Работодавачот ќе го плаќа само персоналниот данок и има целосно ослободување од придонеси за пензиско и здравствено осигурување за делот на покачувањето на платата. Оваа мерка може да ја користат вработените кои во последните три месеци примиле плата до 1,5 просечна плата“.

„СДСМ на дело покажа дека го цени трудот на работниците. Просечната плата од 2016 година е зголемена за над 250 евра, од 360 на 614 евра. Минималната плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше 9.000 денари, сега е 20.175 денари. СДСМ обезбедува повеќе за сите работници, со СДСМ има повеќе за сите“, велат од СДСМ.