Од СДСМ велат дека според нивните информации Мицкоски ужива во луксузот на сметка на граѓаните.
„Очигледно, неговиот стил не се само скапи часовници од десетици илјади евра, тој сака да патува во бизнис класа. Денеска јавно го прашуваме, дали е точно дека патувал во САД со билет над 4000 евра на сметка на граѓаните?“
„Ако е вистина, нека излезе уште еднаш да објасни, дека тоа е непријателско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна со одговорност и транспарентност, сега гледаме расипништво, семејни излети за САД во бизнис класа и без грижа за граѓаните“.
„СДСМ очекува Владата и Мицкоски што поскоро да ги објават фактурите и трошоците за овие патувања, бидејќи граѓаните треба да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите“, се вели во соопштението на СДСМ.