На денот кога требаше да поднесе отчет за својата работа во првата година на власт, Мицкоски реши да зборува за трагедијата во Кочани, користејќи ја како предизборна кампања, обвинуваат од СДСМ.
„Одвратно е што Мицкоски зборува за некаква загриженост, за лажна емпатија и за наводниот план што го имал за Кочани, додека денес неговите пратеници во Собранието одлучија да го блокираат Законот за поддршка на родителите на загинатите и повредените во кочанската трагедија.“
Срамно е Мицкоски, што зборуваш за правда, кога се криеш четири месеци и на секој можен начин се обидуваш да ја отстраниш одговорноста од твоите партиски кадри. Срамно е што Мицкоски зборува за одговорност без селективност кога целата Македонска јавност виде дека токму неговата партија добила донации од осомничените во трагедијата.
„Обвинителите работат под притисок за случајот Кочани и тоа е јасно. Секој пат кога обвинителите најавуваат проширување на истрагата, Мицкоски зборува за нивно разрешување и за нивната одговорност“, велат од СДСМ.