На потег е Христијан Мицкоски да одлучи дали е за ЕУ или за изолација, бидејќи министрите од ДУИ поднесоа оставки, кои ќе стапат на сила веднаш откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгласаат уставните измени, се вели во соопштението на СДСМ.
„Со ова и со претходно одобрените одлуки на Централниот одбор на СДСМ се исполнети сите услови кои Мицкоски ги постави за ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени.
Уставните измени влегоа во собраниска процедура, објавени се јавно и по објавувањето на нивната содржина, никој, вклучително и Мицкоски, нема ништо против ваквите измени.
Пратениците наВМРО-ДПМНЕ даваат поддршка за уставни измени и продолжување на европскиот пат.
Со гласањето за Европа во Собранието на Македонија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да покажат дека навистина се за европската агенда, дека и европската агенда е македонска, наместо да кочи и кочи“, велат од СДСМ.