Премиерот Христијан Мицкоски користи луксузни патувања од бизнис класа, скапи билети до 20.000 евра платени со народни пари. И Мицкоски повторно се обиде да лаже, обвинуваат од СДСМ.
„Јавноста и граѓаните со смеа и неверување ги слушаа „оправдувањата“ на Мицкоски дека причината се проблемите со коленото.
Дали сите тројца министри во владата на Мицкоски кои беа во Вашингтон на државен трошок имаат исти проблеми со коленото, па мора да патуваат во бизнис класа?
А кога Мицкоски се сликаше на искачувањето на Водно имаше проблем со колената?
Мицкоски лаже и се шегува со тие што го плаќаат, граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека скапи авионски летови и бизнис класа од 20 илјади евра, часовници од 60 илјади евра, подароци од 300 илјади евра, притоа велат дека нема пари за повисоки плати за работниците.