СДСМ не открива што содржи соопштението на Илинден, ниту дали ќе биде одобрено пред 2 август

Соопштението на Илинден е доставено, но се уште никој не открива што има во него. Декларацијата не е достапна на веб-страницата на Собранието, ниту пак пратениците на СДСМ откриваат што точно пишува во неа.

Oд повеќето остварени контакти достапна за разговор беше само пратеничката Калевска Ванчева, но и таа не откри многу.

Декларацијата се уште не е ставена на дневен ред и пратениците не знаат кога ќе се случи.

Иако СДСМ побара поддршка од сите пратеници, ниту опозицијата не знае што точно стои во Декларацијата. Затоа велат дека ќе внимаваат.

Документот е доставен до Собранието и до Владата пет дена пред големата прослава на Илинден. Го прашавме и спикерот Талат Џафери дали планира да свика посебна седница со оглед на тоа што прва закажана активност во Собранието се уставните измени на 18 август, но одговор не добивме додека не се подготви прилогот.