Со кревање на медиумската магла Пандов сака да го покрие ослободувањето на осудените од 27 април, што е скандалозен чин на узурпирање на институцијата, обвинуваат од СДСМ.
„За само две недели од раководството на Пандов четворица осудени за „27 април“ со условна казна излегоа од штипскиот затвор? Како беше ослободен Јане Ченто, осуден за насилството со неговата фирма на 27 април? Како беше ослободен Александар Јаневски Тошта, исто така осуден? Како беа ослободени од штипскиот затвор осудените Оливер Поповски и Митко Пешов? Како е можно со потписот на Пандов некој да има пауза од 30 дена казна?
Ова се прашањата на кои Пандов мора да одговори“, обвинуваат од СДСМ.