Од СДСМ велат дека мерките на Владата предводена од оваа партија даваат резултати во зголемување на платите и пензиите. Од оваа партија гарантираат дека ќе продолжи покачувањето на платите и пензиите.
„Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии. Со СДСМ платите и пензиите постојано се зголемуваат, во сите сектори. СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата беше околу 22.000 денари. Просечната плата денеска е за 300 евра повисока во однос на 2016 година СДСМ во изминатите 6 години минималната плата ја зголеми 4 пати и сега изнесува 20.175 денари. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ, СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100 отсто“.
„Од март ќе има ново зголемување на минималната плата на 22.500 денари. Со новата методологија за усогласување на пензиите, двапати годишно, со зголемувањето на просечната плата и трошоците за живот, СДСМ обезбеди континуирано зголемување на пензиите, без разлика на нечија политичка волја. Споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја зголеми минималната пензија за 50%, а просечната пензија за 50%. Платите и пензиите ќе продолжат да растат годинава“, велат од СДСМ.