Советничката група на СДСМ во општина Штип поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да утврди дали постои судир на интереси за градоначалникот Иван Јорданов и лице, сопственик на фирма, во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар.
-Очекуваме во рамки на своите надлежности, ДКСК да постапи, да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип и да утврди дали постои судир на интереси. Јавноста е запознаена за овој скандал што ја тресе општина Штип раководена од градоначалникот од ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет, изјави советникот во Советот на општина Штип од СДСМ Трајче Стојчевски.
Според него, дополнително Методи бил кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.