СДСМ и Коалцијата за европска иднина заедно со претседателот Стево Пендаровски имаат јасна визија, знаење, храброст и конкретен план за обезбедување европска иднина на Македонија.
Од друга страна ДПМНЕ и Силјановска немаат план за иднината, на граѓаните им нудат враќање назад во мрачното минато, во неизвесност и нови залудно загубени години.
Нема членство во ЕУ со Силјановска и ДПМНЕ ниту за 100 години.
Само со СДСМ и Пендаровски, Македонија може да биде членка на ЕУ.
Граѓаните сакаат и заслужуваат да имаат уште поголеми плати и пензии, повеќе и подобри работни места, подобар животен стандард, подобро образование, подобро здравство, подобро владеење на правото, помалку корупција, сакаат да живеат во држава по европски стандарди.
Затоа граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ.