СДСМ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ ги фалсификувала потписите за Силјановска

Од СДСМ информираат дека бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не собра валидни и законски потписи за кандидатката Гордана Силјановска, го поставуваат прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ги фалсификувале потписите со кои гордо и помпезно се фалеле дека биле на број голем и ги собрале во неколку часа.

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ фалсификува анкети, се обиде да фалсификува и потписи за Силјановска, но не успеа, се вели во коминикето на СДСМ. Бидејќи не собраа валидни потписи за својот кандидат, ВМРО-ДПМНЕ кандидатурата до ДИК ја достави со потписи на пратеници, а не со потписи на граѓани. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани, а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најлошо е што повторно ги излажаа граѓаните“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека „ништо не е сменето во Од таму додаваат дека „ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ тоа е истата партија од минатото која работи со ширење лаги“. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде наследник на Белата куќа и партиски наследник или повторување на Иванов. Затоа на избори граѓаните ќе ја изберат европската иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“., тоа е истата партија од минатото која работи со ширење лаги“. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде наследник на Белата куќа и партиски наследник или повторување на Иванов. Затоа на избори граѓаните ќе ја изберат европската иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“.