ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со апанажа од 2.500 евра не чувствува глад, но 600 илјади граѓани едвај преживуваат

Власта на СДСМ и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓанската потрошувачка кошничка е зголемена за 1.500 денари само за месец март и достигнува 59.000 денари. За да прехранат четиричлено семејство им требаат најмалку три минимални плати. Никогаш не живееле полошо од сега со владата на СДСМ и ДУИ, – велат од оваа партија.

„Димитар Ковачевски со апанажа од 2.500 евра не се чувствува гладен, но 600 илјади наши сограѓани живеат со 150 денари дневно. Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобностите на функцијата, тие го уништија животниот стандард на граѓаните. Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата. СДСМ и ДУИ 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа се потребни промени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ..