Покрај хитови нуди и одлична диета: Александра Пријовиќ откри како ‘стопила’ 23 килограми и никогаш не ги вратила

Српската пејачка, Александра Пријовиќ, три пати ја наполни најголемата арена во Белград, а ја распродаде и најголемата арена во Загреб, со што стана најбараната пејачка во регионот.

Покрај гласот, заштитен знак на Александра Пријовиќ е и нејзината витка линија, а неодамна пејачката проговори и за периодот во кој се здебелила. Имено, кога го родила малиот син Александар, имала 23 килограми повеќе, бидејќи за време на бременоста не била толку внимателна што става во телото. Со оглед на тоа што се ближи нејзиното враќање на настапите, Александра Пријовиќ побарала помош од нутриционист кој и препишал план на исхрана до кој таа строго се придржувала.

слика
Александра Пријовиќ

Како што вели, слатките, тестото, газираните сокови и мрсната храна ги заменила со риба, свеж зеленчук, цедени сокови и вода, а секојдневно ги консумирала во големи количини, пишува српскиот магазин Hello.

Со оглед на тоа дека синот го родила со царски рез, Александра Пријовиќ не смеела да тренира, а набрзо споменатата диета дала одлични резултати и килограмите исчезнале како од шега. Како што некогаш открила, сега не може да се здебели, апетитот и исчезнал, а има се помалку време за храна.