СДСМ: Скандалозно е Мицкоски да го брани Изет Меџити пред јасни факти

Скандалозно и во исто време комично е што Мицкоски потроши „пет минути“ во проверка на доказите што СДСМ ги презентираше против Изет Меџити. Повеќе од јасно е дека тој го брани Меџити и замижува пред доказите кои јасно докажуваат државни институции, обвинува СДСМ.

„Ова јасно докажува дека Мицкоски е заложник на Изет Меџити и неговите политики. Прво криеше дека Меџити планирал 3.000 партиски вработувања, додека списоците со вработени веќе на големо се шират на социјалните мрежи. Сега ја крие и брани за скандал и прекршок што се докажа со документи од Државниот управен инспекторат.

Мицкоски, кој тврдеше дека ќе бара одговорност од секој функционер што згрешил, денеска по стоти пат го прекрши ова ветување. СДСМ му даде можност на дело да докаже дека е за владеење на правото и почитување на процедурите и да бара одговорност од Изет Меџити, но тој реши да го брани. Што му должи Мицкоски на Меџит толку да се срами? Соочен со јасни докази од Државниот управен инспекторат, Мицкоски замижува“, велат од опозициската партија.

Неспорен факт што го докажува државна институција, како што велат, е дека Меџит ги пречекорил законските овластувања, потпишувајќи ги лично сите работи надвор од негова надлежност.