Од СДСМ преку соопштение велат дека во Скопје се случува тотален хаос со јавниот превоз. Од СДСМ велат дека со години ВМРО-ДПМНЕ не купува нови автобуси, само заради теснопартиски интереси.
„Откако пропаднаа нивните договори со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретира скопјани. Во Советот на град Скопје има советници од ВМРО-ДПМНЕ кои ја блокираат работата на градот, ги блокираат проектите што ги ветија заедно со Арсовска, како што е набавката на нови автобуси“.
„По катастрофата што му се случи на Скопје со Коце Трајановски, Скопје 2014 и купувањето на кинески автобуси кои се распаѓаат, сега ВМРО-ДПМНЕ подготвува нова катастрофа. ВМРО-ДПМНЕ со блокади сака да ја уништи НТП на која и требаат 50 автобуси само за да функционира. Цената за ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја плаќаат граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.