Не е само Гордана Силјановска, туку и Христијан Мицкоски се гордее со фотографија со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, обвинуваат од СДСМ.
„Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Тој јавно кажа дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци пишувале бугарски народни песни, дека нашата историја е фалсификувана.
Што има заедничко на Мицкоски и Ковачев?
Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за „Зборник“ на браќата Миладиновци?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека бугарската и македонската ВМРО работат на штета на државата, прават се за да ја блокираат европската перспектива на Македонија.