СДСМ: Што е заедничко на Мицкоски и Ковачев, негирањето на македонскиот народ?

Не е само Гордана Силјановска, туку и Христијан Мицкоски се гордее со фотографија со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, обвинуваат од СДСМ.

„Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Тој јавно кажа дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци пишувале бугарски народни песни, дека нашата историја е фалсификувана.

Што има заедничко на Мицкоски и Ковачев?

Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за „Зборник“ на браќата Миладиновци?“, прашуваат од СДСМ.

Од таму велат дека бугарската и македонската ВМРО работат на штета на државата, прават се за да ја блокираат европската перспектива на Македонија.