Неспоредливо е тоа што го направи СДСМ за подобрување на системот за гасење пожари со неправењето ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари. Беше набавено ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“.
Во континуитет го одржувавме високото технолошко ниво, редовно ремонтирање на леталата и нивна модернизација. Изминатите години Владата на СДСМ успешно и без помпа по медиумите секое лето ги менаџираше пожарите без да се загрози ниеден објект и со минимални штети.
Алиби соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покријат овие факти.
За навременото делување со денови, задоцнетата реакција и целосното потфрлање во справувањето со пожарите одговорноста е кај Владата на Мицкоски и надлежните институции.
Одговорност мора да има.
Конечно, ВМРО-ДПМНЕ треба да земе и да работи, граѓаните за тоа ги избраа.