Северина за нејзиниот син Александар: Се обидоа да ми го одземат, а по 12 години борба, тој живее со мене

Хрватската музичка ѕвезда Северина ја сподели среќната вест со публиката на концерт во Сплит дека нејзиниот син Александар Поповиќ повторно живее со неа.
Во репертоарот се најде и песната „Rođeno moje“, која му ја посвети на Александар.

„Сега песна за најважниот човек во мојот живот. Неговото срце чукаше под моето. Неколку пати се обидоа да ми го одземат, а денес, по 12 години борба, мојот син живее со мене“, рече таа, предизвикувајќи ентузијазам кај присутните.

Меѓу другото, таа рече дека никогаш нема да го заборави првиот пат кога ја испеа песната „Далматинка“ на „Грипе“ и откри што ѝ кажал Александар.

@valo2405 #severina #gripe @Severina ♬ original sound – Va_Lo

„Син ми ми рече: „Мамо, ти не знаеш што е Сплит, Сплит е слобода! Не е така во Загреб“. И јас ја сакам слободата. Родена сум во слободна, сиромашна населба, на улицата Сиромашна. Поздрав до сите од таа улица“, рече таа.

Таа им порача на децата во публиката дека секогаш треба да бидат чесни и да „тежнеат“ кон правдата, по што ја отпеа „Така нека биде, сине мој“, која исто така е посветена на Александар.