Хрватската пејачка Северина повторно го привлече вниманието на јавноста со објава на социјалните мрежи во која ја нападна водителката Јована Јоксимовиќ, сопруга на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.
Имено, Северина сподели фотографија од Јована Јоксимовиќ со натпис „ĆaciGirl“ на својата Инстаграм приказна, а на фотографијата ја додаде и песната „Гадура“ од Жељко Јоксимовиќ.

Патем, на јавноста ѝ е познато дека Јована ja поддржува владејачката гарнитура во Србија, додека Северина неодамна изрази поддршка за студентите кои протестираат низ целиот регион. Двете претходно беа во јавен конфликт, кој потоа привлече големо медиумско внимание.
Во 2021 година, Северина упати обвинувања против Јована Јоксимовиќ како гостин во емисијата „150 минути“. Пејачката тогаш изјави дека водителката, во утринската програма на телевизијата каде што работела, ѝ покажала хакирани интимни фотографии кои претходно протекоа во јавноста.
„Имав непријатно искуство со вашата телевизија. Водителката пушти мои голи фотографии во утринската програма, кои беа хакнати од мојот телефон. Нашите деца си играа заедно, го познавам и нејзиниот сопруг, кој пее. Во една прилика, дури му напишав и репертоар за концерт. Значи, нивното дете и моето дете си играа заедно, се дружевме, како пријатели, но без оглед на тоа, такви работи едноставно не се прават. Таа ги пушти тие фотографии во 10 часот наутро на телевизија. Тоа беше ужасно“, рече тогаш Северина.
Таа исто така додаде дека после тоа никогаш повеќе не слушнала за Јована Јоксимовиќ.
Да потсетиме дека Јована и Жељко Јоксимовиќ беа присутни на свадбата на Северина и Игор Којиќ, па дури и летен одмор поминаа заедно. И покрај нивното пријателство и блискост, објавувањето на интимни фотографии во утринската програма остави трајни последици врз нивната врска.
Поради сето погоре наведено, на многумина не им беше јасно зошто Јована одлучи да коментира на фотографиите на Северина, а тој потег дополнително придонесе за крајот на нивното пријателство.