СЕВЕРНА КОРЕА ВЛЕГУВА ВО ВОЈНА? По средбата со Шојгу, Ким Џонг Ун донесе драстична одлука – ја издаде ОВАА наредба
Што има ново на геополитичката сцена?
Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун нареди драстично зголемување на производството на ракети и друго оружје за време на обиколката на фабриките за ракети и муниција, со цел да се задоволат потребите на воените единици .
– Квалитативното ниво на воените подготовки зависи од развојот на мунициската индустрија, а фабриката носи многу важна одговорност во забрзувањето на воените подготовки на Корејската народна армија – рече Ким, а пренесува АП.
Агенцијата наведува дека наредбата на Ким доаѓа по посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Пјонгјанг, кога, како што се проценува, тој разговарал со Ким за купување на големо количество севернокорејско оружје.
Војските на Јужна Кореја и САД следната недела ќе започнат воени вежби за „да ги подобрат своите заеднички способности против новите нуклеарни закани од Северна Кореја“.
Во обиколка на други фабрики, Ким повика на изградба на помодерни камиони за лансирање ракети.
Тој рече дека има итна потреба да се зголеми производството на повеќецевни ракетни фрлачи со голем калибар со „експоненцијална брзина“, како што објави АП, а за време на посетата се повози со ново оклопно возило .