Северна Кореја тестираше новa крстосувачкa ракета

– Северна Кореја соопшти дека лидерот Ким Џонг Ун го надгледувал пробното истрелување на новоразвиената стратегиска крстосувачка ракета Пулхваса-3-31, лансирана од подморница, во текот на викендот, објавија државните медиуми.

„Крстосувачките ракети летаа на небото над Источното Море 7.421 секунда и 7.445 секунди за да ја погодат целта на островот“, јави новинската агенција КЦНА.

Тестното лансирање немаше никакво влијание врз безбедноста на соседната земја и нема никаква врска со регионалната ситуација, се вели во веста, во која се додава дека Ким изразил големо задоволство од резултатите од тестирањето.

„Нуклеарното вооружување на морнарицата е итна задача на времето и суштински услов за изградба на државната нуклеарна стратегиска сила“, рече Ким.

Севернокорејскиот лидер, исто така, говореше за прашања поврзани со изградбата на подморница на нуклеарен погон и други воени бродови од нов тип и „укажа на непосредните задачи што треба да ги извршат релевантните сектори и државните мерки што треба да се преземат и донесе важен заклучок за начините за нивно спроведување“.

Веста дојде еден ден откако војската на Јужна Кореја соопшти дека открила дека Северна Кореја лансирала повеќе крстосувачки ракети над водите во близина на источното пристаниште Синпо.