Министерот Лога одржа работна средба со министерката Задиќ, на која е констатирано дека Австрија ја поддржува Северна Македонија на патот кон Европската Унија.
Министерот за правда на Северна Македонија, Кренар Лога, и министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, потпишаа заедничка изјава за зајакнување на соработката во делот на реформите во правосудството.
Министерот Лога одржа работна средба со министерката Задиќ, на која е констатирано дека Австрија ја поддржува Северна Македонија на патот кон Европската Унија.
Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за соработка на двете министерства во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право, борбата против корупцијата, дигитализацијата на правосудството.
„Министрите се договорија Австрија, преку свои експерти, да ги пренесе своето знаење и искуство, вклучително и професионални обуки на судиите и обвинителите. Министерот за правда, Кренар Лога, рече дека секоја помош од Австрија е добредојдена за натамошниот развој на државата. Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, му посака успешна работа на министерот Лога и порача дека фокусот на регионот треба да биде насочен кон борбата против корупцијата и спроведувањето на реформите“, стои во соопштението пратено од Министерството за правда на Северна Македонија.
Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, е дел од австриската делегација предводена од претседателот Александер ван дер Белен кој престојува во посета на Северна Македонија.