Северна Македонија и Албанија сакаат дополнително да ги продлабочат билатералните односи

– Северна Македонија и Албанија сакаат дополнително да ги продлабочат билатералните односи.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски и честиташе на Елиса Спиропали за нејзиното назначување за министерка за надворешни работи на Албанија и министерка за Европа.

Министерот Муцунски на својот профил на американската компанија за социјални медиуми X објави:

„Честитки Елиса Спиропали за вашето назначување за министерка за Европа и надворешни работи на Албанија. Се радувам на тесната соработка за понатамошно продлабочување на нашите билатерални односи и проширување на соработката – за посилно партнерство и подобар регион за сите.“

Новоназначената министерка на Албанија на својот профил на платформата Х му се заблагодари со зборовите:

„Ви благодарам, драг Тимчо Муцунски, за вашите љубезни честитки. Се радувам на заедничката работа за подобрување на билатералната и регионалната соработка, цврсто верувајќи дека иднината на нашите граѓани е во ЕУ.“

Албанскиот Парламент на 19 септември ја одобри програмата и составот на новата Влада предводена од премиерот Еди Рама, во која Елиса Спиропали е назначена за министерка за надворешни работи на Албанија и министерка за Европа.