Северна Македонија е над европскиот просек по познавање на странски јазици. Во земјава други јазици освен мајчиниот јазик зборуваат 60,3 отсто од граѓаните.
Според податоците на Евростат, објавени од Euronews по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението зборува најмалку еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од постарата популација зборува странски јазик.
Постојат значителни варијации помеѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето зборуваат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.
Луѓето во земјите каде англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, така што само половина од Ирците зборуваат и разбираат најмалку два странски јазици, а најлошо во Европа е Велика Британија, каде што јазиците се различни од мајчиниот јазик го зборуваат едвај 34 проценти од населението.