„СЕГА ВО ЦЕЛОСТ ЈА ПОКАЖУВАМЕ НАШАТА НЕПОБЕДЛИВОСТ И МОЌ“ Путин и Ким Јонг Ун разменија писма со поддршка
Соединетите Држави ја обвинија Северна Кореја дека и испорачува на Русија оружје за нејзината војна во Украина, вклучувајќи артилериски гранати, преносни ракетни фрлачи и ракети. Пјонгјанг и Москва негираа какви било трансакции со оружје.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин размениле писма со ветување дека ќе ги развијат своите врски во она што Ким го нарече „долгорочна стратешка врска “, објави државниот медиум на Пјонгјанг KCNA.
Писмата ја одбележуваат 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонската колонијална власт во 1910-1945 година, што се слави и како национален празник во Јужна Кореја.
Во своето писмо до Путин, Ким рече дека пријателството на двете земји е создадено во Втората светска војна со победата над Јапонија и дека тие сега „ целосно ја демонстрираат својата непобедливост и моќ во борбата за уништување на произволните практики и хегемонија на империјалистите “, соопшти КЦНА.
– Цврсто сум убеден дека пријателството и солидарноста понатаму ќе се развијат во долгорочни стратешки односи во согласност со барањата на новата ера – вели Ким во писмото.
– Двете земји секогаш ќе излегуваат како победници, силно поддржувајќи и соработувајќи меѓусебно во текот на постигнувањето на заедничката цел – додаде Ким.
Соединетите Држави ја обвинија Северна Кореја дека и испорачува на Русија оружје за нејзината војна во Украина, вклучувајќи артилериски гранати, преносни ракетни фрлачи и ракети. Пјонгјанг и Москва негираа какви било трансакции со оружје.
Минатиот месец, рускиот министер за одбрана застана рамо до рамо со Ким додека ги проверуваа најновите севернокорејски нуклеарни проектили и нападни беспилотни летала на воената парада во Пјонгјанг.
Во својата порака до Ким, Путин вети и зајакнување на билатералните врски.
– Сигурен сум дека ќе ја зајакнеме билатералната соработка на сите полиња за доброто на двата народа и солидна стабилност и безбедност на Корејскиот полуостров и на цела североисточна Азија – рече Путин, пренесе КЦНА.
Лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија треба да разговараат за безбедносната соработка за Северна Кореја, Украина и други прашања на трилатералниот самит на 18 август во Кемп Дејвид.