Сега да завршам со тенисот можам да бидам задоволен! Ѓоковиќ испрати моќна порака до своите помлади ривали пред првиот меч во Торино!

Новак Ѓоковиќ денес со дуелот против Холгер Руне го започнува учеството на завршниот турнир во Торино.

Новак пред натпреварот изјави дека сè уште има голема желба секогаш кога ќе стапне на теренот да постигне добар резултат.

– Сакам да се натпреварувам, ми се допаѓа овој спорт. Тоа е најголемата мотивација за мене, бидејќи веќе постигнав многу рекорди, соборив многу и тоа е одлично. Дури и да го напуштам професионалниот тенис сега и да погледнам назад на сè што сум направил, можам да бидам исклучително, исклучително задоволен. Немам никаков притисок да продолжам да се натпреварувам, но сепак ја имам желбата и тоа на високо ниво – рече Ѓоковиќ и додаде:

– Играм на многу високо ниво, рекордите се голема инспирација, во тоа нема сомнеж. Сè уште сакам да ја пишувам тениска историја и да видам до каде можам да одам.

Ѓоковиќ и Руне играат во недела од 21 часот.

– Холгер дебитира на АТП финалето. Со Алкараз, кој е негова генерација, тој е еден од младите лидери и веројатно еден од играчите кои ќе го носат тенисот во деценијата пред нас. Ќе видиме многу повеќе од него во иднина. Во неговиот тим сега е Борис Бекер, легенда на овој спорт, гледам дека Холгер убаво напредувал. Секогаш кога играме еден против друг е тесно, па можам да очекувам уште еден таков натпревар – заврши Ѓоковиќ.

По мечот против Данецот, најдобриот светски тенисер ќе игра против Јанико Синер, потоа против Стефанос Циципас.