Сега е кралица на скандалите: Се омажи за рапер и брзо се разведе! Вака изгледала Ана Николиќ како дете (фото)

Ана Николиќ денес е ,,скандал – мајстор”на балканската естрада. Таа континуирано е актерка на некоја афера.

Рродена е во Јагодина во 1978 година, но по завршувањето на средното училиште се преселила во Белград.

На 22 години зачекори во светот на музиката и набрзо стана една од најбараните пејачки кои гордо ја носеа титулата најубава дама на сцената.

Само една година подоцна ја доби наградата за најдобар дебитантски настап на Beovision, по што продолжи да има повеќе хитови.

Покрај хитовите, нејзината кариера ја одбележаа и љубовни избори и скандали, особено по разводот со популарниот рапер Стефан Ѓуриќ Раста.

Таа еднаш објави фотографија на Инстаграм кога беше мало девојче, со натпис: – Кога Тара ја виде оваа слика, помисли дека е таа. Не, јас сум! И таа е иста како мене! Не дека се пфалам, но кога ја гледам Тара се гледам себе си.