СЕГА СЕ Е ЈАСНО! Еден од најдобрите напаѓачи во светот одлучи каде ќе ја продолжи кариерата – тој ќе има и посебна клаузула во договорот
Виктор Осимхен одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Според италијанските медиуми, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата сепак ќе потпише нов договор со Наполи.
Иако се пишуваше дека нигерискиот напаѓач ќе го напушти клубот, по „скандалозните“ објави од Наполи на социјалните мрежи, се чини дека се е измазнето и дека Нигериецот останува во клубот каде што се прослави.
Виктор Осимхен постигна седум гола и забележа две асистенции на 15 натпревари оваа сезона, а неговиот актуелен договор е до 2025 година. Иако многу клубови би сакале да го видат во своите редови, тој, според Фабрицио Романо, наскоро тој ќе потпише нов договор со кој ќе ја продолжи соработката за дополнителна година, до летото 2026 година.
Во договорот ќе има и клаузула според која Виктор Осимхен може да го напушти клубот веќе следната сезона доколку за него дојде задоволителна понуда. Не е откриено колку би изнесувал договорот, но јасно е дека би бил еден од најскапите трансфери во историјата, со оглед на тоа што веќе се одбиени 120-те милиони евра кои ги понуди Челзи.