“Седум години не спијам со сопругот во иста соба, а имаме две деца!“ – позната ТВ водителка открива шокантни детали од спалната соба и интимниот живот: “Само така успеав да ја спасам врската…“

Австралиската новинарка и телевизиска водителка Едвина Бартоломеј откри дека во последните седум години не го делела истиот кревет со својот сопруг Нил Ворк. Парот, кој е во брак официјално пет години и имаат две деца, спијат во посебни соби, пишува Daily Mail.

Едната соба е наместена по вкус на мојот сопруг, има теретана и други ‘машки’ работи. Мојата соба е полна со модни списанија и секогаш неуредна. Неговата, напротив, е секогаш уредена. Тој сака неговиот кревет да биде уреден, но јас не. Неговата облека ја чува во плакарот, а јас сакам да ја ставам на столот во случај да ми треба повторно“, објаснила Едвина Бартоломеј, а пренесува МСН.

Познатата ТВ водителка истакнала дека седум години спијат одделно.

Спијам фантастично, а тој постојано се мести и се врти. Ако станам рано на работа, тој ќе се разбудеше и залудно се обидуваше повторно да заспие, па решивме да пробаме одвоени соби“, рекла Едвина Бартоломеј, која е со Нил Ворк десет години.

Водителката и новинарка е убедена дека благодарение на таквата рутина успеале да ја спасат љубовната врска. Таа признава дека многу нивни познаници биле изненадени кога откриле дека имаат посебни спални соби.