– Изминаа 7 години од смртта на Мухамед Али, еден од најхаризматичните боксери на сите времиња во светот и голем борец против расистичката сегрегација во САД.
Али е роден како Касиус Клеј на 17 јануари 1942 година во Луисвил, најголемиот град во Кентаки.
Со аматерски бокс почнал да се занимава на 12-годишна возраст. Во аматерскиот ринг извојува 161 победа од вкупно 167 борби.
Мухамед Али, освојувач на златен олимписки медал, во својата професионална кариера извојува 56 победи во 61 борба. Али нанижа дури 37 нокаути.
На 22 години премина во ислам и го смени името во Мухамед Али.
Тој беше близок пријател со Малколм Х, познат активист за човекови права и борец против расизмот во Америка.
Али почина во болница во Феникс во американската сојузна држава Аризона на денешен ден 2016 година, по повеќегодишната борба со Паркинсоновата болест.