Седум деца загинаа во израелскиот напад врз Газа: Најмладата жртва имаше само три години

Најмалку десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, се убиени во израелски напад врз Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, објави палестинската цивилна заштита.

profimedia0845926002.jpg

Воздушниот напад се случил рано утринава околу 3:30 часот по локално време, изјави портпаролот на организацијата за прва помош на палестинската територија.

Најмладата жртва имала три години, а најстарата 58.