Седум јатрви и 43 деца живееле во една куќа во босанско село: Никогаш не се скарале, а вака ги воспитувале децата (ФОТО/ВИДЕО)

Пејачка која има осум деца, ја воодушеви јавноста со семејниот живот, а особено со тоа што сите десет членови од семејството живеат во стан во Нов Белград.

Многумина коментираат дека денес животот во голема заедница е многу тежок, а приказната за едно семејство од Босна покажува дека сè е можно.

Имено, едно семејство од Брестовски кај Кисељак хармонично живеело во голема заедница. Во старата босанска куќа живееле седум јатрви и 43 деца. Куќата е сè уште жива, но со текот на времето многу се истрошила и треба да се реновира. За оваа куќа се поврзани многу интересни судбини и приказни, пренесуваат локалните медиуми.

– Куќата е стара над 300 години. Таму бевме 7 јатрви и имавме вкупно 43 деца. Во оваа куќа никогаш немало расправија или кавга! – вели една од јатрвите.

Во денешно време, јатрвите обично не се разбираат меѓу себе, но во ова семејство јатрвите биле како сестри и никогаш не се карале.

– Таму се родив и остарев. Имаше седум јатрви и никогаш не забележав дека тие се лутеа еден на друга. Можеби имало недоразбирање меѓу нив, но тоа не можеше да се забележи.

Во оваа куќа имало многу членови, но храната никогаш не им била проблем. Секогаш знаеле да се снајдат и сите биле задоволни од тоа што го имаат.

– Пита со компири, супа и толку. Кој колку ќе се снајде. На крај ја мачкаме тавата со леб и толку.

– Сама си правев облека за себе и за моите деца. Порано бевме среќни и насмеани, не беше сè до пари. И нашите родители разговараа со нас на масата додека јадевме.

Децата уште од мали нозе имаа свои обврски и сè добиваа со договор.

– Многу значи со децата дансе зборува и децата не се плашат од родителите, ние никогаш не се плашевме ниту од мама, ниту од тато, иако мама беше строга. Имавме слобода, но и почит. Се знаеше кој ќе ги чува кравите, кој ќе оди во црква, кој ќе оди на училиште… Мама беше организатор на семејството.

И покрај тоа што животот секој од нив го однесе на своја страна, тие сепак си помагаат и функционираат како едно.

– Се учеше од детството, така нè учеа како деца. Секогаш ни велеа дека треба да се почитуваме. И да има некакви несогласувања, тоа се простува. Никогаш немавме проблеми ниту со соседите.