Сезоната на Близнаци започнува околу 21 мај и трае до 21 јуни, кога Сонцето влегува во знакот на Близнаци. Овој астролошки период носи одлични можности за Близнаци, Водолија и Вага.
Ова е период кој носи промени, комуникација, ментална стимулација и љубопитност. Близнаци се воздушен знак управуван од Меркур – планетата на комуникацијата , размислувањето и учењето – па затоа оваа сезона често ја буди желбата за дружење, разговор, учење нови работи и движење.
Нови идеи и спонтаност
Сезоната на Близнаци доаѓа по стабилната , земјена сезона на Бик и носи живост, брзина и разиграност. Луѓето потоа се поотворени за нови идеи, пофлексибилни во размислувањето и поподготвени да преземаат спонтани потези. Ова е одлично време за вмрежување, планирање кратки патувања, започнување курсеви или изразување преку пишување, говорење и други форми на комуникација.
Сезоната на Близнаци носи и немири
Сепак, сезоната на Близнаци може да донесе и чувство на расеаност, површност или немир, па затоа е важно да се најде рамнотежа помеѓу мноштво интереси и вистинска посветеност.
Накратко, сезоната на Близнаци е време кога се будиме од ментална дремка, се свртуваме кон нови идеи, разговори и добиваме можност да го освежиме нашиот поглед на светот.