„Секогаш беше така кога не му одеше“ Ова никој не го очекуваше – Ладни односо меѓу Федерер и Надал!? Роџер откри зошто! (фото)
Познатиот швајцарски тенисер Роџер Федерер отворено проговори за односот со Шпанецот Рафаел Надал.
Отсекогаш се почитувале, но не биле претерано блиски додека не ги споила „опасноста“ по име Новак Ѓоковиќ. Од моментот кога започна доминацијата на Србинот, пријателството меѓу Федерер и Надал растеше од сезона во сезона. Често се слушаа, се поддржуваа и објавуваа пофалби по големите успеси, а потоа сосема неочекувано нивната врска се залади.
Сега кога „не цветаат розите“ на Надал тој не разговара толку често со својот добар пријател од Швајцарија.
„Годинава не се слупаме многу. Му посакав сè најдобро во неговото опоравување од повредата, но освен тоа работите малку се стишија меѓу нас. Тоа може да покаже и колку многу се мачи со повредите на неговото тело. Отсекогаш било така, кога не му оди толку добро, ние малку се одалечуваме“, беше искрен Федерер.