,,Секогаш се нервирам кога се случува ова!” Келнерка од Тексас ја изнервирало однесувањето на гостите: „Таквите немаат совест!“ (ВИДЕО)
Келнерка од Тексас, Џина, се пожалила на семејство кое вечерало во ресторанот во кој таа работи, а потоа оставиле бакшиш (пре)мал.
Таа тврди дека таткото, мајката и детето направиле сметка од 184 долари, додека бакшишот бил само два долари.
Џина потсетува дека бакшишот треба да биде 18-20 отсто од сметката, што значи дека би добила околу 37 долари.
„Дојдоа малку пред затворање, а јас се приближив до нивната маса во друштво на нов колега. Прашав дали се подготвени да нарачаат и ме игнорираа. Какво непочитување“, рече Џина.
Келнерката тврди дека на семејството му биле потребни 10 минути да ја нарача храната, а кога дошло да платат, ги извадиле парите – 86 од нив во банкноти од еден долар.
„Секогаш се нервирам кога тоа ќе се случи. Таквите луѓе немаат совест, ниту добрина во душата. Тие се апсолутно лоши гости“, рече таа видно изнервирана.
Џина наведува дека работи во угостителството веќе 20 години, а многу корисници на TikTok ја поддржале по објавувањето на видеото.
„Секој прво треба да работи во оваа индустрија за да знае како да се однесува со келнерите“, напиша едно лице.