Aко сте навикнати да го започнувате утрото под туш, можеби е време да размислите за промена на вашата рутина. Според лекарите, туширањето наутро, иако може да ви ги разбуди сетилата, можеби не е најдобриот избор за вашата кожа, сон и здравје.
Ако не се тушираме навечер, целата таа нечистотија се пренесува на постелнината.
„Ова не само што придонесува за валкани чаршафи и можни ноќни алергии, туку може да предизвика и иритација на кожата, чешање, сувост, па дури и акни поради маслото и нечистотијата што остануваат на навлаката за перница и чаршафите“, изјави тој за Glamour UK.
Со него се согласува и д-р. Џејсон Синг, кој на TikTok објасни како вечерниот туш може да го подобри квалитетот на сонот, да ја исчисти кожата од загадувањето и да помогне во нејзината хидратација. Имено, топол туш го поттикнува лачењето на мелатонин, хормон кој му сигнализира на телото дека е време за спиење.
„Во текот на вечерта, телото природно почнува да се лади, што е дел од подготовката за спиење. Топол туш и последователно сушење со пешкир го имитираат овој процес и го олеснуваат заспивањето“, објаснува д-р Синг.
Вечерното туширање е особено корисно за луѓето со чувствителна или сува кожа
Неговите тврдења се поткрепени со мета-анализа од 2019 година, која вклучуваше 17 студии. Докажано е дека вечерното туширање во топла вода (помеѓу 40 и 42,5°C) значително го подобрува квалитетот на сонот. Вечерниот туш е особено корисен за луѓето со чувствителна или сува кожа, акни или егзема. Тогаш, вели д-р Синг, кожата е повеќе склона кон регенерација и подобро ја задржува влагата, што значи дека со туширање во овој период од денот, можете да го стимулирате природното закрепнување на кожата.
Секако, утринскиот туш не е бескорисен, особено ако сакате да се освежите после потењето или да ја подобрите утринската хигиена. Меѓутоа, кога станува збор за нега на кожата и квалитетот на спиењето, вечерниот туш сепак има предност.