Глобал Форест Воч (GFW) објави извештај во кој се наведува дека во текот на 2022 година, секоја минута, во просек уништен е шумски терен во големина од 11 фудбалски терени.
ГФВ е онлајн платформа за мониторинг и предупредување за шумите поддржана од Светскиот институт за ресурси, а во извештајот за минатата година наведе дека меѓународната заедница заостанува зад целите на Декларацијата од Глазгов, потпишана во 2021 година на 26-та конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP26).
„Дали сме на патот да го запреме исчезнувањето на шумите до 2030 година? Краток одговор е едностанво не“, рече Род Тејлор, директорот на програмата за шуми при Светскиот институт за ресурси.
Наведувајќи дека уништувањето на шумите во 2022 година е за еден милион хектари повеќе од потребното ниво за исполнување на целите во 2030 година, Тејлор посочи дека трендот на влошување продолжува.
Според податоците, минатата година секоја минута уништувани се шумски површини во големина од 11 фудбалски терени.
Шумските површини уништени со сеча или пожари достигнаа четири милиони хектари.
Бразил беше земја со највеќе уништувања со 1,77 милиони хектари, а следуваат Демократската Репбулика Конго со 513.000 хектари, Боливија со 386.000 хектари и Индонезија со 230.000 хектари.
ТРТ БАЛКАН