Секоја нејзина појава предизвикува чудење: Салма Хајек повторно воодушеви со фотографии во костим за капење

Салма Хаек реши на интересен начин да го „поздрави“ месец јули, објавувајќи фотографии во костим за капење, со кои уште еднаш потврди дека и на 57 години е меѓу најубавите жени на светот.

Американско-мексиканската актерка објави фотографии на кои позира покрај базен, облечена во зелен костим за капење со розови детали. Без никаква шминка и со пуштена коса, Хаек изгледаше фантастично, а ова нејзино издание не остана незабележано.

Чекајќи го август“, напиша Салма со објавата на Инстаграм.

Како што е вообичаено, секое нејзино појавување предизвикува чудење поради нејзиниот изглед, кој е целосно неусогласен со нејзините години.

„57 години, а сепак една од најубавите жени на планетата“, истакна една од обожавателите на актерката.

Хајек неодамна имаше можност да го носи олимпискиот факел пред отворањето на Олимписките игри во Париз, на кои присуствуваше заедно со голем број други познати личности.

Таа се пофали со фотографиите на Инстаграм, велејќи дека и е чест да учествува и дека е горда што го претставува „трајниот дух на Олимписките игри, кој носи светлина, надеж и единство за сите“.