Секојдневно се користи зачин кој го зголемува ризикот од рак на желудникот! Веднаш намалете го внесот – Последиците можат да бидат фатални
Дневниот внес на сол го зголемува ризикот од рак на желудникот за 40 отсто, открива студијата.
Новото истражување може да ве натера да размислите двапати пред да одлучите да додадете сол во следниот оброк.
Нутриционистите од Центарот за јавно здравје на Универзитетот во Виена откриле дека луѓето во Обединетото Кралство кои често додаваат сол во оброците имаат 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот во споредба со оние кои штедат сол.
Претходните истражувања во Кина, Јапонија и Кореја, исто така, ја поврзаа солената исхрана со ракот на желудникот , но ова е една од првите студии што ја покажа оваа врска кај западните жители.
Истражувањето додаде дека вишокот сол може да ја оштети слузницата на желудникот, предизвикувајќи оштетување на ткивото и потенцијално канцерогени мутации.
Солената храна го зголемува ризикот од рак на желудникот
– Нашето истражување покажува поврзаност помеѓу честото додавање сол и рак на желудникот дури и во западните земји – изјави водечкиот автор Селма Кронштајнер-Гичевиќ, нутриционист од Универзитетот во Виена.
За многу луѓе, количината на сол што треба да ја консумираат може да биде изненадување. Американската Администрација за храна и лекови препорачува да не консумирате повеќе од 2.300 mg натриум дневно – што е околу една лажичка кујнска сол. Но, имајќи предвид дека многу намирници содржат повеќе сол отколку што мислат луѓето, а многу луѓе сакаат да додаваат сол во оброците, просечниот Американец консумира околу 3.400 мг сол дневно, според агенцијата „ Дејли мејл “.
Идеално е да се консумира една кафена лажичка сол дневно
Иако додавањето малку сол за вкус може да изгледа безопасно, користењето премногу сол може да биде штетно, истакнуваат истражувачите.
За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите од Универзитетот во Виена ги анализирале податоците од 471.144 возрасни лица во Обединетото Кралство од базата на податоци наречена „UK Biobank“. Откриено е дека луѓето кои јаделе многу сол имале 41 отсто поголеми шанси да развијат рак на желудникот во период од 11 години во споредба со оние кои ретко додавале сол во оброците.
Ова откритие важи дури и кога истражувачите земале предвид други фактори како што се возраста, социо-економскиот статус и другите животни навики како што се консумирањето алкохол и пушењето.
Консумацијата на алкохол и пушењето исто така значително придонесуваат за ризикот од рак на желудникот.
Во Америка, се проценува дека во 2024 година ќе бидат дијагностицирани 26.890 нови случаи на рак на желудникот, со околу 10.880 смртни случаи. Ако ракот на желудникот се открие во рана фаза, постои висока стапка на преживување – според Националниот институт за здравје, лице со рана дијагноза на рак на желудникот има 75 отсто шанси да преживее пет години во споредба со лице кое не имаат рак. Меѓутоа, ако ракот се шири, оваа стапка нагло опаѓа на 35 проценти.
Уште попроблематично е тоа што ракот на желудникот често е тешко да се забележи во раните фази, бидејќи симптомите честопати можат да бидат слични на оние што ги чувствувате после голем или зачинет оброк.
Затоа истражувачите сакаат да ја подигнат свеста за внесот на сол за луѓето да бидат свесни за ризикот од рак, рече Тилман Кун, друг истражувач од Универзитетот во Виена кој придонесе за студијата.
– Со нашето истражување сакаме да ја подигнеме свеста за негативните ефекти од екстремно високиот внес на сол и да обезбедиме основа за превентивни мерки против ракот на желудникот – изјави професорот Кун.