Секој осми млад Германец не слушнал за холокаустот: Анкетирани и нивните врсници во Европа и САД, 12% не знаат за систематското убивање на Евреите во Втората светска војна (фото)

Еден од осум млади Германци никогаш не слушнал за Холокаустот (Шоа), терминот за систематско убивање Евреи за време на нацистичката ера, покажуваат истражувањата.

Во истражувањето на млади од 18 до 29 години, 12 отсто од испитаниците рекле дека никогаш не слушнале за ниту еден од двата термини за систематско убивање на Евреите под германските нацисти и нивните сојузници за време на Втората светска војна.

Тој удел е уште поголем во Австрија со 14 отсто, во Романија 15 отсто и во Франција со неверојатни 46 отсто, пренесува ДПА.

Истражувањето беше нарачано од Еврејската конференција за барања за компензација, во време кога екстремната десница се пробиваше во Европа.

Анкетирани се околу 1.000 млади луѓе во Германија, Франција, Австрија, Велика Британија, Полска, Унгарија, Романија и САД. Во сите тие земји, значителен дел од испитаниците не знаеле дека за време на нацистичката ера биле убиени околу шест милиони Евреи, а во Германија тоа е дури две петтини.

ausvic-camp-jews-holocaust.jpg

Во Германија два отсто од испитаниците се согласиле со изјавата дека воопшто немало холокауст.

Големо мнозинство во речиси сите земји од истражувањето оценија дека нешто како Холокаустот може да се случи и денес: 76 отсто во САД, 69 отсто во Британија, 63 отсто во Франција, 62 отсто во Германија и 61 отсто во Австрија.

Централниот совет на Евреите во Германија со тревога реагираше на резултатите од истражувањето.

„Загрижувачкиот пораст на антисемитското вербално и физичко насилство што го гледаме во Германија е главно вкоренет во дезинформации и недостаток на информации за холокаустот“, рече претседателот на Советот Јозеф Шустер.