Секој пат после секс, едвај оди и става облоги: Шокантната исповед на позната пејачка

Пејачката Меган Трејнор отворено призна дека страда од вагинизам, поради кој едвај може да оди по секој сексуален однос и мора да носи облоги од болка.

Пејачката Меган Трејнор отворено проговори за својот голем здравствен проблем – вагинизам, кој ѝ отежнува да има сексуални односи со нејзиниот сопруг, актерот Дарил Сабар.

По интимните моменти, Меган едвај може да оди и мора да става облоги со мраз за да ја ублажи болката.

Вагинизмот е нарушување кое предизвикува несакани мускулни грчеви во долниот дел од вагината, што може да го направи сексуалниот однос исклучително болен или дури и невозможен. Во потешки случаи, спазмите можат да ги зафатат карличните мускули, па дури и целото тело.

Меган рекла дека долго време страдала од болка и затоа се срамела да зборува за проблемот.

– Ја прашав докторката дали сексот воопшто може да биде безболен –  искрено рече таа.

Причините за вагинизам можат да бидат анксиозност, страв од секс, траума како што е сексуална злоупотреба, како и последици од повреди при раѓање или друга физичка траума.

Добрата вест е дека ова нарушување е излечиво- обично преку психотерапија и вежби за релаксација кои помагаат да се надмине стравот и непријатноста, без потреба од лекови.