Сексуалните експерти открија колку долго треба да трае сексот: “На многу жени им треба повеќе време за оргазам“

Дали некогаш сте се запрашале колку долго треба да траат вашите сексуални односи ? Додека некои претпочитаат „брзо“, други уживаат во долга предигра и бавно и сензуално водење љубов. Експертите за секс неодамна проговорија за тоа, пишува магазинот Daily Star.

Просечното време-траење на сексот е само 5,4 минути, покажуваат истражувањата. Но, колку време навистина им е потребно на жените да доживеат оргазам ? Додека мажите полесно се возбудуваат, истражувањата покажуваат дека на жените им требаат околу 20 минути за да се возбудат и околу 14 до 17 минути за кулминација.

Секој пар е различен, така што не постои универзален временски период за времетраењето на сексот, но различни експерти за секс зборуваат на оваа тема во студија објавена во Journal of Sexual Medicine.

Слика
илустрација

На експертите им било кажано да ги категоризираат различните временски рамки како „соодветни“, „премногу кратки“, „премногу долги“ и „претпочитани“. Експертите го оцениле пенетративниот вагинален секс кој трае од една до две минути како „премногу краток“, а сексот од десет до 30 минути како „премногу долг“.

Три до седум минути секс се смета за „соодветен“, додека седум до 13 минути беа категоризирани како „пожелни“. На крајот на краиштата, идеалната временска рамка за интимност варира од пар до пар.

Најважното нешто што треба да се запамети е дека трошењето многу време на секс не мора да значи дека потоа ќе се чувствувате позадоволни. Се препорачува отворен и искрен разговор со партнерот за вашите потреби. Потоа можете да истражите што е најдобро за вас како двојка.