СЕКС-СКАНДАЛ ВО МАДРИД – Објавено името на првиот играч на Реал Мадрид обвинет за ширење видео-снимка од оргија во ноќен клуб !?
Двајца од четворицата млади играчи на Реал Мадрид обвинети во септември за ширење сексуални видеа го искористија своето право да не сведочат овој петок, а за првпат протече името на еден од нив.
Според шпанските медиуми, главно име меѓу обвинетите е талентираниот стопер Раул Асенсио (20 г.), играч на вториот тим на Реал Мадрид, Реал Мадрид Кастиља, кој тренираше и со првиот тим и на кој се гледаше како решение во стоперска позиција поради бројните повреди кои го снашле Реал Мадрид. Откако се повредија Едер Милитао и Давид Алаба, Раул Асенсио требаше да ги покрие дупките во одбраната.
Раул Асенсио требаше да седне на клупата на натпреварот против Алавес како единствен вистински резервен стопер, но поради истрагата која е во тек, Реал Мадрид на крајот одлучи дека е најдобро младиот стопер да не патува со нив. Затоа, по црвениот картон на Начо Фернандез, Аурелиен Чоамени мораше да игра стопер.
Случајот се уште е под истрага, а во сегашниот хаос на информации се наведува дека на почетокот на минатото лето млади играчи на Реал Мадрид учествувале во вистински „мали оргии“ во ноќен клуб во Лас Палмас, се снимале и на крајот снимката протекла во јавноста.
Раул Асенсио наводно не учествувал во сексуалниот чин, но се истражува дали тој и неговите соиграчи дополнително ги рашириле спорните видеа.
Адвокатот на Раул Асенсио, Хуан Гонзало Оспина, изјави за медиумите:
„Фактите кои наводно се истражуваат против мојот клиент немаат кривична одговорност, па веруваме дека многу брзо ќе се расчисти тоа што се случи и тој ќе се извлече од овој кошмар“.
Од друга страна, адвокатот на малолетната жртва Рубен Ваљехо им посочи на медиумите дека треба да почекаат додека не се прегледаат мобилните телефони на обвинетите за да се утврди вистинската вистина.