Села: Нема поделба на Европскиот фронт, јас се заложив и си стојам на зборот

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, поканет во емисијата „Клан дебата“ на Клан М, ги отфрли шпекулациите за поделби во Европскиот фронт. Говорејќи децидно, Села ја истакна лојалноста кон ветувањето за оваа политичка соработка.

Села додаде дека без разлика на различната природа на партиите кои го формираат фронтот, заедничка цел останува да се постигне напредок и да се забрзаат уставните измени.

„Не знам зошто се поттикнува дебатата дека фронтот ќе се подели, очигледно тоа е сегмент од општеството кој ужива во поделби, но и од моето политичко искуство знам дека кога давам збор си го држам. Ние се обврзавме дека ќе ја направиме оваа соработка или политичка формација и стојам на овој збор и немам намера да го прекршам зборот пред другите членови на фронтните партии, ниту пред 130-те илјади граѓани кои веруваа во Европски фронт“.

„Но, тоа не значи дека ја напуштаме нашата природа, бидејќи фронтот е сојуз на различни партии, а на граѓаните им ветивме дека уставните измени ќе се постигнат, бидејќи Македонија нема време за губење“, рече тој.