Села: Не може да се формира влада без Албанци

Говорејќи за формирање на идната влада после изборите во мај, Зијадин Села од Алијанса за Албанците вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека не може да се формира влада без Албанци.

„Тоа не е во законот за формирање на влада, ниту во Уставот, но не можеме да се вратиме во деведесетите. Влада без учество на партија на Албанците не може да има, непишано, но моќно правило“, рече Села.