Зиадин Села од Алијансата за Албанците во емисијата „Анализа 24“ рече дека Таравари на дебатите признал дека ќе одат само на избори и мојот став бил ист додека не се случи дезертерството. За евентуално коалицирање со ДУИ, Села вели дека неговиот став е тие самите да излезат на избори.
„Политичките движења се прават со алатките што ги имате во моментов. Не знам ни кои ќе ги имам зад себе, ниту пак можам да ги вратам позициите што ги имавме пред една година. Хипотетички, додека не заврши судскиот процес, не можам да зборувам за тоа. Јас сум на мислење дека самите треба да одиме на избори и сум против самоволие во партија. Нема да дозволам тоа да се случи се додека јас сум претседател на Алијансата. Актерот кој донесе ваква ситуација во Тетово е Таравари. Кога делува политички по наредба, расколот не може да се спречи и работи на уништување на Алијансата. Најважно беше партијата да се обедини“, вели Села.