Селекторот на Белгија му ја одзеде капитенската лента на Де Брујн

Фудбалската репрезентација на Белгија се собра пред квалификациските натпревари против Лихтенштајн (4 септември) и Казахстан (7 септември), а селекторот Руди Гарсија најави големи промени. Најголемата вест од овој состанок е секако одлуката на новиот селектор да го смени капитенот.

Кевин Де Брујн (34), легенда на белгискиот фудбал, одеднаш ја загуби капитенската лента. Гарсија одлучи дека отсега улогата на лидер ќе ја преземе Јури Тилеманс, кој ќе биде капитен на националниот тим во квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн.

„Јури Тилеманс ќе биде капитен против Лихтенштајн, а отсега тоа ќе биде трајно. Тој е мостот помеѓу златната генерација и помладите играчи“, рече Гарсија.

Де Брујн го презема местото на Азар

Де Брујн ја презеде капитенската лента во март 2023 година, по пензионирањето на Еден Азар од националниот тим, но сега ќе му ја предаде кормилото на соиграч, девет години помлад од него. Де Брујн одигра 111 натпревари за Белгија, постигнувајќи 31 гол и имајќи 52 асистенции. 

Белгија забележа победа и нерешено во првите два натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Во првиот натпревар од квалификациите, ремизираше против Северна Македонија (1:1), додека дома го победи Велс со резултат 4:3.