И покрај болеста, музичката легенда Селин Дион не се откажала од својата кариера и како што објави порталот Mirror.uk, таа планира да се врати на сцената во блиска иднина.
57-годишната пејачка работи напорно на зајакнување на својот глас и враќање на физичката кондиција за повторно да може да настапува пред публиката. Извори блиски до Дион тврдат дека таа е многу блиску до остварување на таа цел и подготвува голем камбек следната година.

Дион, која во декември 2022 година објави дека се бори со тежок синдром на вкочанета личност (SPS), наводно покажува значително подобри резултати во закрепнувањето отколку што првично се очекуваше.
„Се чувствува одлично, нејзиното здравје се подобрува и повторно може да пее високи ноти. Редовно прави лесни вежби дома и продолжува со физиотерапија. Нејзината подвижност се подобри, а вокалот звучи одлично, што е резултат на секојдневната вежба. Луѓето се шокирани колку брзо се опоравува. Секако, сè уште има денови кога не се чувствува најдобро, но секој ден е сè посилна“, вели извор.
Таа објави и видео
Селин неодамна сподели видео од студиото во кое танцува на ремикс на песната „A New Day“, продуцирана од Себастијан Ингросо, во која се слушаат и нејзините вокали.
Ремиксот е само почеток, вели истиот извор, додавајќи дека канадската дива сериозно планира настап следната година.
„Тоа е она за што таа сонува и кон што се стреми. Таа се труди најдобро што може да го забрза враќањето на сцената“, рече изворот.

За потсетување, Селин Дион беше принудена да ја откаже својата светска турнеја „Courage World Tour“ пред три години, токму поради тешка форма на SPS – ретко невролошко нарушување кое предизвикува вкочанетост и мускулни грчеви, што значително ѝ го отежнуваше движењето.
Изведено во живо
И покрај проблемите со мускулите, Дион успеа да настапи во живо за време на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри во 2024 година во Париз, каде што даде емотивна изведба на „Hymne à l’amour“.
Овој момент го означува кулминацијата на нејзиното враќање по многу тешка деценија, во која го загуби и сопругот, кој почина во 2016 година на 73-годишна возраст од рак на грлото. После тоа, таа остана сама да ги одгледува своите три сина.